Навивачите на Ајакс покренаа иницијатива стадионот на кој ги игра клубот домашните мечеви да го понесе името на легендарниот холандски Јохан Кројф.


Еден од најголемите и најдобрите фудбалери во Холандија почина на 69-годишна возраст по борбата со ракот на белите дробови.

Иницијативата на навивачите на Ајакс започна на социјалните мрежи, а ја поддржа Марко ван Бастен по што експресно почна да се развива.


Сепак, клубот не може директно да учествува во одлуката за промената на името бидејќи стадионот е под капата на градот, но властите се запознаени за идејата.

Јохан Кројф со матичниот клуб Ајакс три пати во низа ја освојуваше титулата во Лигата на Шампиони, еднаш триумфираа во Интерконтиненталниот куп како и два Супер купови на Европа.

OhridNews