Престолонаследникот Вилем Александар и официјално е прогласен за крал на Холандија, откако неговата мајка, кралицата Беатрикс абдицираше во негова корист. Таа 33 години ја носеше кралската круна. Велием, кој денеска положи заклетва, е прв крал по 120- годишно владеење на кралици во Холандија.
Стапувањето на престолот на новиот крал на Холандија, беше прославено и во Охрид. Група холандски туристи го одбележаа историскиот чин на најпозната охридска плажа „Куба Либре“.
Кралот на Холандија Вилем Александар пред три дена наполни 46 години и е најмлад владетел во Европа.