После паузата, Формула 1 го продолжуват своето патување на брзите патеки, легендарните Спа Франкоршамп и Монца. Шефот на Ред Бул Рејсинг, Кристијан Хорнер, изјави дека на овие две патеки мораат да ја смалат разликата што е можно повеќе.

Болидот на Ред Бул никогаш не бил многу брз на правците, а овогодишниот мотор на Рено е уште една слаба карика на тимот, од причина што има 50-60 кс помалку од онај на Мерцедес кој го користат МекЛарен, Вилијамс и Форс Индија.

“Никогаш не се знае. Можда да има и дожд на Спа и Монца, па свиоците ќе ја одиграат клучната улога во трката“ – повеќе на шала изјави Хорнер и додава: “Реално гледано следна шанса за нас треба да е Сингапур затоа што во следните две трки Форс Индија ќе се вратит во форма, Вилијамс ќе е брз, очекувам и МекЛарен исто, а нема што да се каже за Мерцедес. Нас ни останува колку можиме да ја намалиме разликата, а после тоа и да ја свртиме шансата на наша страна“.

Ohridnews