Канадскиот олимпиец Крис дел Боско нема по добро да ги памети Зимските Олимписки игри во Пјонгчаг, откако претрпе сериозни повреди при падот од 30 метри во ски-крос дисциплината.

35-годишниот олимпиец кој по трет пат настапува на ЗОИ ја изгуби контролата на своето тело во воздухот и директно падна на снегот. Дел Боско ја скрши карлицата, а има уште неколку повреди кои ќе се обелоденат после деталните прегледи. Канаѓанецот после падот остана неподвижен на земјата, а поради сериозноста на повредите хитно со хиликоптер беше префрлен во болница. 

Видеото со вознемирувачката содржина можете да го погледнете на следниов линк, тука.

OhridNews