Жестоки инциденти го обележаа натпреварот помеѓу Челик и Железничар, одигран во рамките на 28.коло, во Премиерлигата на Босна и Херцеговина. Помеѓу двата клуба владее голема нетрпеливост, а особено тоа важи за навивачките групи.

Најпрвин навивачката група на Челик, која се нарекува „Робијаши“, го нападнале стручниот штаб на гостите, тренерите Мулалиќ и Кариќ, кои поради суспензија мечот го следеле од трибините. 

Потоа домашните навивачи со столчиња и факели започнале да фрлаат кон гостинските фудбалери, а играчите на Железничар возвратиле со иста мерка.

Голманот на Железничар, Ведран Кјосевски по натпреварот физички се пресметал со еден вработен на стадионот.

Напнато било и по натпреварот, преставниците на Челик и фудбалерите на Железничар започнале тепачка на теренот, која потоа продолжила во тунелот кој води кон соблекувалните. Инаку натпреварот завршил со победа на Челик 1:0. 

OhridNews