На 25-те Републички хорски смотри одржани на 12.05 2013 год. во Кавадарци, хорот на средното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид, под раководство на м-р Александар Димоски го освои првото место во категоријата младински хорови (хорови на средни училишта).
Хорот на гимназијата ги изведе композициите „Месец Мај“ од Клемен Жанекен, како задолжителна композиција на натпреварот и „Боже чувај ја од зло“ од Миро Булјан / Чакарова како слбодна композиција. Настапот беше бурно поздравен од присутната публика, а жирото го награди со 98 поени од можни 100. Солистка беше Маја Ристеска ученичка во прва година која од жирито доби пофалница за најдобар солист, информират од ОСУ „Св. Климент Охридски“.