Членовите на хорот “Атендите” од Кикинда, Република Србија, кои деновиве повторно учествуваат на Меѓународниот хорски фестивал во Охрид, донираа рефлектори за осветлување на централниот брод во Катедралата Света Софија.

 

Импресиите од минатогодишното дружење во Охрид ни останаа толку силни, што едногласно одлучивме да дојдеме на фестивалот и оваа година. Градот е магичен, членовите на градскиот хор Вокс Лихнидос се совршени домаќини, а хорското пеење во Света Софија е вистинска бајка. Во координација со маестро Бурим Хидри и Проф. Д-р Зоран Тунтев, дојдовме до идеја заеднички да учествуваме во осветлувањето на главната сцена, каде оваа година ќе се одржи хорскиот фестивал.” – изјави Проф. Д-р Биљана Јеремиќ, диригент на хорот од Кикинда.

Станува збор за сет од посебни рефлектори со ниска келвинажа, кои се идеални за ваков сакрален амбиент.

Поставени се под оптимален агол за да ја потенцираат сцената, но да не им пречат на изведувачите. Им благодарам на драгите гости од Србија, ова е прекрасен подарок.” – изјави Проф. Тунтев.

Меѓународниот хорски фестивал “Гласот на Охрид”, со учество на вкупно 6 хорски екипи од земјата и од странство, започнува утре (среда, 29 јуни) во катедралата Света Софија, со почеток во 20:00 часот.

OhridNews