По барање на градоначалникот, Никола Бакрачески,екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ дефинираа нови 40 локации за парковски решенија кои ќе бидат застапени во сите урбани заедници на општината.
Денес е предвидено да биде завршено хортикултурното решение на парковскиот дел пред зградата „Ремис“, во близина на Охридска банка. Тревниот простор е обработен и уреден, а засадени се 7 палми и 100 ружи.
Во првата фаза ќе бидат опфатени: просторот околу Маларична, околу Т.Ц. „Гранит“ на „Булевар Туристичка“ , кај поранешниот „Мини-маркет“ , на пресекот на „Булевар Туристичка„ и „Даме Груев“ кај „Тренд“ , влезот на „Проаква“ , „Никола Карев“ , влезот од Горна Порта, Сараиште, Саат Кула, поранешен наплатен центар на МРТ, во с.Пештани кај рибниот ресторан, с.Лескоец, с.Велгошти кај училиштето и градинката, просторот наспроти Противпожарната единица, социјалните згради на „Сирма Војвода„, инфо центарот на „Булевар Туристичка„ , пресек „Пере Тошев„ и „Булевар Туристичка„ , дворови на училиштата, „Парк на пријателство„, „Скејт Парк„, „Мазија„ и др.
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа и со хортикултурно уредување на бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка“ . Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстосницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.