Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ заедно со локалната самоуправа спроведоа акција за чистење и средување на приградските населби и плажите кои не се дадени под концесија.

Во текот на вчерашнот ден се изврши косење и чистење во крајбрежната населба Лагадин, на плажите кои не се дадени под концесија на потегот од хотелот Лагадин до автокампот Елешец.

На 11-ти овој месец се изврши средувањe на селото и плажите во Трпејца, а ден подоцна акцијата се спроведе и во селото Пештани.

Во наредните денови ќе се изврши изврши уредување Елшани, Лагадин, Коњско, населбата Исток, Св.Стефан и Рача.

OhridNews