Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве започнаа со хортикултурно уредување на кружниот тек на пресекот од булевар „Туристичка“ и улица „Македонски Просветители“ кај Охридска Банка.
Откако ќе завршат активностите за уредување на големиот -примарен кружен тек, ќе следува уредување и малиот секундарен кружен тек.
Вчера увид на завршните активности за уредување на кружниот тек направи и градоначалникот Никола Бакрачески.
OhridNews