„Sunny Lake“ – Охрид е избран за најдобар хостел во Македонија за 2009 година во светски рамки од страна на организацијата „Hostelworld customers“. Ова признание охриѓани го добија во силна конкуренција на еминентни хостели во Македонија.


По повод изборот, од најдобриот македонски хостел изразија големо задоволство и надеж дека ќе продолжи успешната соработка со асоцијацијата на светски хостели која е  партнер на УНИЦЕФ од 2004 година. Од овој месец тие ја  дуплираат донацијата за УНИЦЕФ, така што со секоја извршена резервација преку „Hostelworld customers“, се помага на децата од Хаити кој неодамна беше погоден од катастрофален земјотрес.


Хостелот „Sunny Lake“  кој се наоѓа во стариот дел на Охрид веднаш над старата охридска чаршија e сместувачки капацитет од отворен тип кој функционира во текот на целото деноноќие.

OhridNews