Реномираниот хотел и ресторан „Тино“ ќе ја донира и подготви рибната чорба за Денот на рибарите, 20-ти јануари.
-Со задоволство се приклучуваме во одбележувањето на богојавленските празници. Годинава во чест на кумовите Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, кој инаку е наш голем пријател, хотел – ресторан Тино ќе ја приготви рибната чорба која традиционално ќе се сервира во центарот на Охрид за Денот на рибарите.– изјавија за OhridNews од хотел – ресторан „Тино“.
Од здружението „Богојавление“, кое е организатор на манифестацијата по повод Водици, во соработка со локалната самоуправа, донатори и помагатели, информираат дека подготовките за одбележување на празникот се во полн ек. Охридските хотели и угостители понудија дисконтни цени на аранжманите, односно услугите, па се очекува во Охрид за Водици оваа година да присуствуваат рекорден број посетители.
Празнувањето годинава ќе трае четири дена, а ќе биде збогатено со концерт на македонската поп дива Каролина.
OhridNews













