Хотелот „Виторе“ во населбата Далјан во Охрид се солидаризира со погодените од поплавите во регионот и ги отвора вратите за сите на кои им е потребна помош.
Доколку сте во ваква ситуација или познавате некој кому му е потребно сместување, контактирајте не веднаш. – стои во објавата на хотел „Виторе“.
Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во куќи, дворови, помошни простории и земјоделски површини во Охридскиот регион.
OhridNews












