За шест години на атрактивната локација кај Горица треба да биде изграден хотел со 5 ѕвездички, со комплетна пропратна инфраструктура. Земјиштето на јавно наддавање што неделава се одржа во Министерството за транспорт и врски за 23 817 евра го купи скопката фирма „Каса Градба“, а хотелот според неофицијални информации ќе го градат охридски бизнисмени.

Од општина Охрид не ја коментираат цената по која е продадено атрактивното земјиште во Горица, но изразуваат задоволство што на овој простор конечно ќе почне изградба на елитен хотел, од што локалната самоуправа ќе инкасира близу 4 милини евра на име комуналии.

Продажбата на атрактивнта локација се пролонгираше со години, бидејќи, во обид да привлече светски хотелски бренд во Охрид, државата постави високи критериуми. Откако големите хотелски брендови не покажаа интерес, државата одлучи земјиштето во Горица кое се протега на површина од околу 15.000 метри квадратни да го продаде на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро за метар квадратен.

Според најавите хотелот кој ќе се гради во Горица ќе биде во облик на езерски бран.

OhridNews