И покрај кризата на домашниот и странскиот туристички пазар, Хотели „Метропол“ АД Охрид успеаа да остварат позитивен финансиски резултат од 32 милиони 440 илјади денари, стои во Образложението за остварените финансиски резултати, објавено на Македонска берза.
„Во периодот од 01.01.2013 до 31.12.2013 година Хотели Метропол АД Охрид своето работење го остваруваше во услови на економска и финансиска криза, како на меѓународниот така и на домашниот туристички пазар. Поместувањата на приоритетните пазари за меѓународните туристички субјекти, патната инфраструктура, но и неповолните климатски услови, особено во периодот на висока сезона, а секако со промената и прилагодувањата кон другите услови и превземени активности доведоа до намален остварен број на нокевања од 71 349 или 9.42 отсто во однос на истиот период во 2012 година, и забележан позитивен финансиски резултат во износ од 32.4 милиони денари.“ – стои во образложението на компанијата.
Во однос на истиот период минатата година, остварениот вкупен приход од 152.848.000 денари е за 9,40 отсто помал.
Вкупните расходи во износ од 120.057.000 денари се намалени за 11,40 отсто во однос на расходите во истиот период минатата година, кога беа во износ од 135.508.000 денари. Данокот од непризнаени расходи изнесува 351.000 денари.
Остварениот финансиски резултат е позитивен со оглед на периодот за кој што се однесува како и со оглед на условите и трендовите присутни на туристичкиот пазар во земјава.
OhridNews