Со цел што поуспешен настап на претстојните саемски настани за претставување на Охрид како туристичка дестинација, охридските хотелиери денес остварија середба со градоначалникот Јован Стојаноски.

Како што рече градоначалникот Стојаноски, неопходно е да се слушнат мислењата и ставовите на хотелиерите за да се има што поорганизирано заедничко претставување на туристичката понуда на градот.

– За да имаме организиран настап и да одиме по онаа зацртана агенда на локалната самоуправа треба да разговараме со директните актери, бизнис секторот, за тоа што се треба да направи општината за да имаме добар настап, а првичната цел е да утврдиме кои се целните пазари на кои општината треба да ги потпомогне хотелиерите и сите поврзани субјекти со туризмот. Сакаме да го добиеме нивното мислење за се да е во склад со буџетското планирање на средства, тие да се издвојуваат во склад со барањата на целните сегменти и самите граѓани, изјави градоначалникот Стојаноски.

За оваа цел во наредниот период  ќе се одржат уште неколку средби со хотелиерите и претставниците на локалната самоуправа.

OhridNews