Хотелиерите од Охридско-струшката ривиера и холандскиот тур-оператор „Корендон интернешнал“ денеска во Охрид потпишаа тригодишен договор за фиксен  закуп на аранжмани за сезоните 2012, 2013 и 2014 година.

–  Првите реакции од гостите кои први престојуваа тука беа импресивни, така што решивме за шпицот на сезоната да воведеме и четврт чартер-лет седмично, а договорот да го продолжиме за наредните три сезони. Тоа значи дека ќе бидеме присатни тука и наредните години, со проекции дека во Охрид и Струга наредните години да летуваат до 20 илјади туристи ,изјави Уфук Местан, продукт-координаторот на „Корендон“.


Претседателот на Здружението на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ) Дончо Танески истакна дека потпишувањето на тригодишниот договор со „Корендон“ со кој се предвидува дневно во Охрид да престојуваат и  до 700 гости од земјите на Бенелукс, е резултат на здружениот настап на сите туристички субјекти.

– Тоа резултираше со формирање квалитетен туристички производ, кој наиде на добар пласман и голем интерес. Покрај квалитетот имаше и пристојна цена, и сето тоа доведе до удвојување на бројот туристи уште во јуни оваа година и најави за присуство за наредните три години, рече Танески.

Договорот според туристичките работници не значи бенифит само за Охрид и Струга , туку и за целата држава, уште повеќе што е голем интересот на туристите од Холандија и за кружните тури низ Македонија, со кои се опфатени Кавадарци, Струмица, Скопје и други туристички и културно-историски знаменитости во земјата.

На потпишуваето на договорот присуствуваше и вице-премиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој дека склучениот тригодишен договот не значи само продолжување на соработката, туку практично и продолжување на летната туриситичка сезона со удвојување на предвидениот број туристи што ќе летуваат на охридската ривиера.

OhridNews