Охридските хотелиери задоволни од одлуката на владата за намалување на ДДВ- то на хотелските услуги од 18 на 5%.  

– Задоволни сме што Владата го исполна ветеното- на првата седница одржана од страна на новоформираната Влада да ја донесе оваа одлука. Можам да потврдам дека поголемиот дел од нашите барања како туристички работници пренесени на бројните состаноци со надлежните министри, заменици министри, се исполнети, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.
 
Како особено позитивен чекор се оценува и владината одлука за формирање Комитет за туризам, со што смета Танески, дополнително ќе се издигне нивото на третирање оваа стопанска гранка од што бенефт ќе имаат сите.

Позитивните резултати од донесените одлуки во текот на оваа година веќе се очигледни. Во екот сме на туристичката сезона, а искористеноста на хотелските капацитети е над 90%, ретко каде може да се најде слободно место, потенцира Танески.

Како што информираат од Фибула травел, деновиве пристигнуваат и резервации за 10 јули наредната година.

Она што особено не радува е што од страна на нашиот партнер во Холандија, добивме барање за резервации за сместување во хотелите во Охрид и Струга за периодот по 10 јули 2012  . Тоа значи дека продажбата на аранжманите во Холандија за идната година веќе е во тек и оди многу добро, велат од Фибула травел.

Како што најавуваат од ХОТАМ, наскоро се очекува и формирање Македонската национална туристичка организација,  која дополнително ќе ги подобри условите за работење во областа на туризмот.

OhridNews