По завршувањето на новогодишните и божиќните празници се средуваат впечатоците за посетеноста на Охрид.

Според претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, туристичките работници се задоволни од бројот на гостите, особено за новогодишните празници кога над 70% од хотелските капацитети биле исполнети, а не бил мал и бројот на гостите кои се одлучиле за приватното сместување кое за празниците било исполенто со над 60%.


За божиќните празници во градот престојуваа помал број гости, споредено со новогодишните празници, но тоа е и очекувано пред се поради традицијата Божиќ да се прослави во домашен амбиент, вели Танески.

И годинава, најбројни беа гостите од соседните земји Србија, Бугарија, Албанија, Косово, но иако во помал број и туристите од европските земји.

Танески е оптимист дека Охрид ќе се исполни со голем број гости и за време на празникот Водици, како поради атрактивноста на прославата и одбележувањето на овој верски празник, така и поради ниските цени кои ги понудија хотелиерите во висина од 10 евра за ноќевање со доручек.

OhridNews