Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера за Новогодишните празици ќе бидат делумно исполнети. Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески вели дека 60 до 70 отсто од капапцитетите се иполнети, додека помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани се целосно исполнети за Нова година.
За дочекот на Новата година и годинава најголем број од гостите од соседните држави, Бугарија, Србија, Албанија. Дочеци ќе има во оние хотели што работат, но продадено е околу 60 до 70 отсто од очекуваното. Очекувавме за Нова година да ги наполниме капацитетите, но ќе бидеме 30 до 40 проценти празни, вели Блажески.
Дел од хотелите на охридското крајбрежје, односно околу 30 проценти вели се затворени, а се очекува бројката да се зголеми по Нова година.
Причина за слабиот интерес, според него, се зголемените цени на аранжманите, кои пак се резултат на високите сметки за електрична енергија, која големите хотелски капацитети ја набавуваат на отворениот пазар и однапред не ја знаат цената. Новогодишните аранжмани во хотелите на охридско-струшкото крајбрежје се продаваат за околу 30 проценти поскапи од лани.
Малите хотели се заштитени во однос на сметките за електрична енергија, плаќаат една цена, додека големите се оставени на отворен пазар. Со оглед на тоа неможе да се даваат конретни цени за аранжмани, бидејќи неможе да се предвиди цената на струјата во јануари и февруари. Аранжманите остануваат повисоки, а со тоа не сме атрактивна дестинација. Ние сме ефтина дестинација, и да останеме таква треба нешто да се подобри, вели Блажески.
И градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков неодамна потенцираше дека приватното сместување за новогодишните празници скоро потполно е резервирано, а се очекуваат туристи од соседните земји, но секако најдоминатни ќе бидат домашните гости.
OhridNews