Хотелскиот комплекс „Метропол“, во првите шест месеци од годинава прикажал зголемување на загубата во висина од 20,3 милиони денари (331 илјада евра), наспроти загубата од 18,2 милиони денари во истиот период лани.

Приходите од продажба, исто така, се намалени за над 2 милиони денари споредено со минатата година.

Негативните резултати кои беа евидентни и по завршувањето на првиот квартал годинава, од компанијата ги објаснуваа со неповолните услови на стопанисување кои се резултат на глобалната економска криза во земјата и странство.

Во рамки на овој комплекс влегуваат три хотели со четири ѕвездички на брегот на Охридското езеро: „Метропол,“ „Белви“ и „Турист“.
Мнозински акционер на Хотели „Метропол“ е „Фершпед“, една од најголемите шпедитерски компании во земјава.

Ohridnews
извор: Makfaks