Славниот британски физичар и еден од најголемите умови на денешницата Стивен Хоукинг на премиерата на документарниот филм “Мѕ Бриеф Хисторѕ” во Кембриџ рече дека верува оти човечкиот мозок може да функционира одвоено од телото, пишува Дејли мејл, пренесува „Макфакс“.
„Мозокот е како програма што се наоѓа во нашиот ум, затоа мислам дека теоретски може да се прекопира мозокот на компјутер. Тоа би овозможило еден облик на живот по смртта. Во моментот не постои таков компјутер, иако тоа не е невозможно. Сметам дека ‘класичниот’ живот по смртта е бајка за луѓето кои се плашат од темнината”, рече физичарот.
Документарниот филм на Хоукинг ја раскажува приказната за неговото детство, студентските денови, децата и двете сопруги.
OhridNews
извор:„Макфакс“