Британскиот европратеник и известувач на Европскиот Парламент за Македонија, Ричар Ховит, заедно со еврокомесарот Штефан Фуле, идната година ќе пристигнат во земјава со цел создавање потребна динамика околу отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.

Европратеникот посочи дека новиот извештај на Европската комисија, треба да биде завршен во текот на првата половина од идната година. Со него ќе се обезбеди притисок врз европските земји, за на земјсва, да и се отворат вратите за пристапување кон Европската Унија.
OhridNews












