Во крајно неизвесен натпревар охридските кошаркари го претрпеа првиот пораз сезонава. Подобар од Лихнидос беше скопскиот тим Карпош Соколи со 73-65.

Мечот не започна најдобро за избраниците на тренерот Весна Балазоска. Во играта и пристапот ништо не се смени ни во продолжението. Најголемата разлика “соколите“ ја достигнаа на средината од третиот период која изнесуваше 22 разлика.

Во последната четвртина охриѓани одиграа храбро во нападот и агресивно во одбраната. Таквата игра ги доведе до пристојна негатива. Тогаш на сцена стапија судиите кои со сомнителни одлуки ги оставија во домаќините во “живот“.

Тимот на Лихнидос на првото гостување сезонава настапи без повредениот Христовски. Најпрецизен во охридскиот состав со 23 кошеви беше Роберт Димитриевски, по десет постигнаа Ренато Димитриевски и Асим Челик додека Бојоски уфрли седум, Кузески пет, Митрески пет, Павлоски три и Ристески два.

Во наредната трета рунда пред своите гледачи охридски Лихнидос го пречекува непоразениот тим на Ангели.

Мх.П.