Светот со воодушевување ја прифати веста за спасувањето на децата фудбалери и нивниот тренер кои повеќе од недела дена беа заглавени во пештера во Тајланд. После успешното завршување на мисијата во која дечињата и тренерот беа извлечени на копно и спроведени на сигурно на социјалните мрежи почна поддршката од фудбалските клубови.

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед на својот официјален профил на фејсбук објави дека ги очекуваат дечињата и нивниот тренер како специјални гости на еден од домашните мечеви на „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд сезонава.

Неофицијалните информации говорат дека светската куќа на фудбалот (ФИФА) ќе ги покани дечињата  и тренерот на завршницата од Мундијалот, но со оглед на ситуацијата на дечињата и тренерот и низ се што поминаа тешко ќе биде исполнување на вакво сценарио. Но, без оглед на се денешниот свет има нови херои во дечињата, тренерот и сите кои учесвуваат во драмата со среќен крај.

OhridNews