Почнувајќи од 1992 година, Организацијата на Обединетите нации го одбележува 3 декември како Меѓународен ден на лицата со попреченост. Со цел за подигнување на јавната свест за правата на овие лица, ЛК Лихнидос ја “обои” синоќа западната фасада од Катедралата Света Софија во сина, портокалова и жолта боја.

 

Според податоците од ООН, над 15 проценти од светската популација, односно повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со некаков хендикеп. Во нивна чест, градот Охрид на ваков симболичен начин им оддава почит и ги храбри да продолжат во борбата за рушење на бариерите во македонското општество и за целосно остварување на своите права.” – изјави Зоран Поповски, претседателот на клубот Лихнидос.

Оваа акција им ја посветувам на нашите другарчиња од Скопје, Јане Велковски и Боро Боки Стајиќ, изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Нивните премрежија и секојдневните предизвици на живот во инвалидска количка не ги спречија да учествуваме заедно на ОхридТрчат. Со Јане организиравме и хуманитарни турнири во мини фудбал, а со Боки пеевме на хуманитарен концерт со групата Неверне бебе од Белград. Јане и Боки, Вие сте нашите јуначишта, Охрид ќе биде секогаш со Вас, додаде – професорот и “лав” Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

OhridNews