Медицинските лица советуваат за време на топлите летни денови кога температурите ќе го надминат 35-от степен да останете под сенка, да не излегувате или работите надвор до 17 часот и да пиете многу вода. Но, постои и храна која ќе ви помогне подобро да се справите со високите температури и која ќе спречи дехидрација. Која е таа?

Дињи и лубеници
Составени 90% од вода, овие овошја се вкусни, здрави и идеални за ужина која ќе ве ревитализира во топлото време. Исто така многу брзо ги заменуваат складиштата со глукоген во организмот.

Житарици
Житариците како киноата, оризот или пак овесот се потопуваат во вода, а таа вода во нив ќе придонесе да ја одржите хидратацијата во телото, но и да останете сити подолго време на здрав начин.

Пиперки
И пиперките содржат околу 92% вода, а исто така и витамин Ц, дури и повеќе од лимон. Не само што со јадењето пиперки (по можност свежи во салата) ќе ја одржите хидратацијата, туку и ќе добиете доза на витамин Ц во телото.

Марула
Марулата пак содржи околу 96% вода, а во неа ќе најдете 20% од потребната количина која треба да ја внесувате дневно на витамин К, А и провитамин А, познат како бета-каротен.

Краставица
Краставицата е составена од 95% вода, а во 100 грама свежа краставица ќе најдете само 16 калории. Здрава, вкусна и ниско калорична.

OhridNews
Извор:„Идивиди“