По дванаесет дена минати во Охрид, актуелниот вицепрвак Металруг  се враќа во Скопје, каде ќа ја има генералната проба против кичевски Напредок. Тренерот на Металург, Ѓорѓи Хрисотв  смета дека непотребно се прави драма околу одлуката за одложување на првенството за една недела.


Ние сигурно дека не ја темпиравме формата само за 4 март. По четврти доаѓа единаесетти и така натаму, ако клубовите така одлучиле, таа одлука мора да се почитува. Ако екипите не се подготвиле досега, малку веројатно е дека ќе се подготват во оваа преостаната недела – истакна Христов.


По одиграните натпревари, тренерот на металурзите ќе има појасна слика околу формирањето на тимот за вториот дел од сезоната. – Работите се горе-долу јасни, ни остануваат уште овие две недели, во кои ќе работиме на отстранување на некои недостатоци што ги увидовме на тест-средбите – вели Христов.


Металруг на заминување од Охрид, го претрпе првиот пораз на подготовките во претсезоната и тоа од второлигашот Охрид Лоте со 1-0.  –  Напоменав дека на последниот меч ќе добијат шанса сите фудбалери што во изминатите три натпревари имаа мала минутажа. Добро е и за нас, но и за самите фудбалери да видат дека не е воопшто лесно да се избори место во првиот тим – заврши тренерот на Металург, Ѓорѓи Христов.

М.П.