Колибрите забележаа значајна победа во дерби средбата против Илинден со 65-59. Победникот беше неизвесен до крајот од мечот, каде решаваа нијанси. Малкубројната публика во салата “Атина Бојаџи“ треба и мора да биде задоволна од престава на “белите“.


– Сакам да им се заблагодарам на сите кои дојдоа да не бодрат на мечот со Илинден. Многу ми е драго што со триумф им возвративме. Очекувавме ваков исцрпувачки меч. Ние повеќе ја посакувавме победата, се боревме до крајот и успеавме да ја оствариме. Среќата беше на наша страна. Во оние клучни напади кога се “кршеше“ резултатот бевме поскоцентрирани и го одлучивме победникот – истакна херојот на мечот, Иво Христовски.

Тренерот на Колибрите, Весна Балазоска мечот со четврто пласираната екипа Илинден го оцени како клуч за освојувањето на третата позиција.

– Влогот беше преголем, затоа во трите четвртина се играше неефикасна кошарка. Во последниот квартал, каде нема што да се загуби се отворивме, но ја сменивме играта во одбрана и напад. Нивниот најдобар кошаркар го затвори Стисниковски додека слобода во нападот доби Христовски. Сега ни преостануваат два лесни меча, кои треба да ги добиеме без разлика на слабите противници – потенцираше Балазоска.

Во рамките од 21-та рунда охридските кошаркари на домашен терен го пречекуваат Про-Баскет.

Мх.П.