Охридските кошаркари ја забележаа втората победа сезонава прва на гостински терен. Повторно најпрецизен во тримфот беше Христовски Иво кој со 25 поени беше нерешлива енигма за домашниот тим.

– Одигравме одлично второ полувреме, посебно во одбранта. Таквата игра ни отвори простор за полуконтри и контри. Направивме плус десет, разлика која се покажа како недостижна за домаќините – вели јунакот на мечот Христовски.
Покрај најдобриот стрелец во тимот повеќе од солидна партија одиграа капитенот 

Митрески Гоце , кој доста искусно го предводеше својот тим, додека со своите игри продолжи да воодушевува младиот Танаскоки Никола. Победата против Т-Баскет дополнително ја мотивира охридската екипа.

– Оваа гостинска победа ги отвори апетитите на нашиот тим, без разлика каде играме ние одиме на победа, па истото го очекувам и на наредниот натпревар на домашен терен против Лирија, наредниот викенд. Ги повикувам сите љубители на кошарката да дојдат во спортската сала и заеднички да стигнеме до нова победа – завршува Христовски.
М.П.