Во РепублокаМакедонија има околку 1600 пациенти со краен стадиум на хронична бубрежна болест, кои се лекуваат со некој од тераписките модалитети: дијализа или транспантација на бубрег. Од нив 1350 се пациенти на дијализа, а околу 250 лица имаат трансплантиран бубрег.
1 од 10 возрасни имаат некој од петте стадиуми на (ХББ). Повеќето луѓе немаат симптоми се додека болеста не напредне. Човекот може да изгуби и до 90% од функцијата на бубрезите без да почувствува значајни симптоми. Токму затоа, ХББ е позната како „тивок убиец“. Навремената дијагноза е клучна! Затоа, од особена важност е да ја подигнеме свесноста кај населението за хроничната бубрежна болест, навремените и редовни прегледи и избегнување на ризиците може да ја спречат и забават прогресијата на ХББ, чиј краен стадиум бара неопходно лекување со дијализа или транплантација.
Жените за разлика од мажите поради бременоста се изложени на дополнителни ризик фактори за развој на бубрежна болест, преекламсијата, септичкиот абортус и постпарталното крварење се водечки причини за развој на акутна бубрежна слабост кај млади жени. Сепак и кај жените со краен стадиум на бубрежна болест, регуларна дијализа и успешна трансплантација може да ги зголемат шансите за успешна бременост, која треба да биде планирана и следена.
ХББ зафаќа околу 195 милиони жени ширум светот и е 8-ма водечка причина за смртност кај жените со годишно околу 600 000 смртни случаи.
Светскиот ден на бубрегот во Македонија ќе биде одбележан на 1 април со кампања за важноста на здравјето на бубрезите. По тој повод во недела, 1-ви април, во салата на општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе се одржи пригоден настан на тема „Бубрезите и женското здравје“. Пред присутните ќе се обратат претставници од здружението „Нефрон“, а предавање ќе одржи д-р Василије Томаноски. Свое обраќање ќе имаат и членови на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
OhridNews












