Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 30- годишен стружанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 29.12.2011 година, во Струга по наредба на истражен судија извршен е претрес во домот и помошните простории на пријавениот, каде се пронајдени 0,30 грама наркотична дрога „кокаин“, што ја купил од непознато лице за негова употреба.

Кривична за стружанец кој без одобрение узурпирал дел од градскиот кеј

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 28- годишен стружанец за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Во текот на 2011 година, во Струга на ул. „Кеј Борис Кидрич“, пријавениот зел под закуп деловен простор, при што без да поседува одобрение го заградил просторот пред објектот кој претставува јавна површина, поставувајќи маси и столици.

OhridNews