Околу 12 навивачи со одбележја од Хајдук го нападнаа селекторот на Хрватска, Нико Ковач и високата делегација, која патувала за Сплит.
Интернет порталот „Index.hr“ пренесува дека и навивачите и делегацијата се пресретнале на едно одмаралиште, двете групи си размениле неколку удари, а навивачите го оштетиле службениот автомобил на делегацијата.
Инцидентот го потврди хрватската полиција, која привела на разговор навивачи кои се претпоставува дека се учесници во пресметката.
Од фудбалскиот клуб Хајдук веднаш со соопштение се оградија од навивачите кои предизвикаа голем инцидент.
Ohridnews