Селекцијата на Хрватска со победа над Сан Марино 10-0, а репрезентацијата на Австрија со пораз од Холандија 2-0 ги завршија финалните подготовки за Европското првенство во Франција.


„Лалињата“ кои нема да бидат дел од ЕП во Франција со головите на Винсент Јансен во 9-та и Жеоржињо Вајналдум во 66-та минута ја совлада австриската репрезентација на Ернст Хапел стадионот.


По три гола за „коцкастите“ постигнаа Марио Манџукиќ и Никола Калиниќ, а по еднаш мрежата ја затресија Пјаца, Срна, Перишиќ и Ракитиќ.


Во останатите мечеви Германија славеше против Унгарија 2-0, Франција со 3-0 ја совлада Шкотска, а Словачка ремизираше без голови со Северна Ирска.

OhridNews