Поранешниот хрватски репрезентативец и сегашен селектор на У21 репрезентацијата, Огнен Вукојевиќ завршил в полиција поради сомневање дека извршил семејно насилство.
Како што пренесува „Јутарњи Лист“, инцидентот го пријавил член од семејството. Неофицијално, Вукојевиќ дома пристигнал во алкохилизирана состојба и упатил сериозни закани по живот кон сопругата, нејзината мајка и сестра.
Полицијата за хрватскиот весник ја потврди информација за Вукојевиќ, но не даде дополнителни информации. Домот на Вукојевиќ бил претресен и не се знае дали нешто било пронајдено.
Вукојевиќ во текот на кариерата настапувал за Славен Белупо, Динамо Загреб, Динамо Киев, Спартак Москва и во Австрија Виена каде ја заврши кариерата. За Хрватска собра 55 настапи од 2007 до 2014 година.
OhridNews