Во првиот натпревар од “Трофеј Македонија” во женска конкуренција, Хрватска и Црна Гора одиграа крајно неизвесен натпревар во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, кој заврши 20:20.

Црна Гора на полувремето имаше минимална предност од 11:10, но Хрватска во вториот дел успеа да се врати во натпреварот. Во драматичната завршница, двете селекции не успеаја да стигнат до победата и освоија по еден бод.

Во вториот натпревар денеска играат Македонија и Србија.

OhridNews