Селекцијата Хрватска која е домаќин на Европското првенство имаше фантастично интро победувајќи ја Србија со 32-22 (14-9) во мечот кој официјално означи почетот на 13-от континентален собир.

Ракометарите на Србија повеќе од 20 минути беа рамноправен ривал и пружија солиден отпор. „Коцкастите“ со четири голови во серија обезбедија предност од пет голови на полувремето (14-9).

Во второто полувреме хрватите додадоа гас, србите немаа одговор за бедемот пред голот на Стевановиќ и Алиловиќ и домашните ракометари на задоволство од публиката славеше со 32-22.

Најпрецизни во репрезентацијата на Хрватска беа Штрлек и Степанчиќ со шест голови, додека во селекцијата на Србија најефикасен беше Ненадиќ исто така со шест погодоци.

Резултати:

Група А: Шведска – Исланд 24-26, Хрватска – Србија 32-22

Табела: Хрватска 2, Исланд 2, Шведска 0, Србија 0.

Група Б: Белорусија – Австрија 27-26, Франција – Норвешка 32-31.

Табела: Франција 2, Белорусија 2, Норвешка 0, Австрија 0.

OhridNews