Селекцијата на Хрватска обезбеди пласман помеѓу петте најдобри на стариот континент, откако во дуелот за петтата позиција со 28-27 (16-10) ја совлада репрезентацијата на Чешка.

„Коцкастите“ одиграа маестрално прво полувреме во кое направија шест погодоци предност (16-10). Во вториот дел чесите го искористија падот во играта кај хрватите и дојдоа во позиција за поволен исход, но немаа сили за целосен пресврт.

Фантастичен меч одиграа Златко Хорват од Хрватска кој постигна 10 голови и Здрахала од Чешка кој реализираше 13 голови.

OhridNews