Селекцијата домаќин на Европското првенство во ракомет, Хрватска пред полна сала во Сплит ќе ја пречека Србија во меч кој ќе означи почеток на големите возбудувањата.

Хрватите се пофалија со распродадената „Спаладиум“ арена која им создаваше одредени проблеми, бидејќи не беше 100% подготвена при инспецијата од ЕХФ.

– Добро е што се се` заврши како што треба и во Сплит ќе ја пречекаме селекцијата на Србија. Навивачите после овие турбелтни недели сигурно ќе имаат повеќе мотиви да ја бодрат најдобрата ракометна селекцијата. Финаниски вложивме повеќе сега, отколку кога бевме домаќини на СП. – рече првиот човек на Хрватската ракометна репрезентација Зоран Гобац.

Од големите собири на Хрватска и недостасува само европското злато, а со Лино Червар на селекторската позиција, „коцкастите“ се надеваат на склопување на златниот мозаик.

OhridNews