Еден од најуспешните тренер во светот на фудбалот, Карло Анчелоти отворено преговара со Хрватската фудбалска федерација за преземање на кормилото на А репрезентацијата.

Италијанскиот стручњак после отказот од Баерн Минхен моментално е без ангажман, а како што пренесуваат медиумите од „чизмата“, хрватите испратиле примамлива и конкретна понуда.

„Коцкастите“ на Италијанецот му нудат едногодишен договор, односно да ја води Хрватска во бараж двомечот со Грција и ако поминат на Мундијалот во Русија.

Анчелоти до сега во својата тренерска кариера нема водено репрезентација, а дали ќе биде тоа Хрватска ќе покаже времето.

OhridNews