Хрватскиот репрезентативец Шиме Вршаљко е најново засилување за европскиот вицешампион Атлетико Мадрид.


„Јорганџиите“ десниот бек го доведоа од тимот на Сасуоло на кој му исплатија 16 милиони евра за трансферот.

– Ова е голем чекор во мојата кариера, но во исто време и голема одговорност. Уверен сум дека во дресот на Атлетико ќе растам како играч и како човек. – рече Вршаљко на презентацијата.


За место на десната бековска позиција Вршаљко ќе се бори со Хуан Фран кој беше трагичар во пенал серијата со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.

OhridNews