Екипата на Еурофарм Работник ја реши дилемата околу тренерската позиција откако за нов предводник го назначи хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ. Поранешниот селектор и асистент во хрватската репрезентација на клупата од „фармацевтите“ доаѓа со голем ентузијазам и желба за постигнување на врвни резултати и враќање на титулите во Битола.

Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде г-дин Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење. Г-дин Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година.

Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.

Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.

Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола.

Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка. – стои во соопштениот од битолскиот клуб.

Бабиќ во Битола доаѓа на местото од Стефче Алушовски, кој во меѓувреме се пресели во европскиот првак Вардар.

OhridNews