Хрватскиот стручњак Нико Ковач ќе биде нов тренер од следната сезона на германскиот гигант Баерн Минхен.

Како што пренесува реномираниот „Билд.де“ одлуката на управата довербата на Ковач ќе му ја довери поради германскиот јазик кој беспрекорно го зборува, искуството во германскиот фудбал и добрата работа со Ајнтрахт Франкфурт, каде што е тренер од 2016 година.

46-годишниот стратег кој е роден во Германија, а играше за Хрватска речиси целата клупска кариера ја мина играјќи во Бундес лигата за Херта, Баер Леверкузен, Хамбургер и Баерн Минхен.

Хрватот тренерскиот занает го започна во австрискиот Ред Бул Салзбург во кој ја заврши фудбалска кариера. Година дена помина на клупата од младинската селекција на Хрватска, а две години ја водеше А репрезентацијата на „коцкастите“.

Презентацијата на Ковач треба да биде на крајот од овој месец, а веројатно во конечна пензија ќе замини сегашниот тренер Јуп Хејнекенс. 

OhridNews