Делегација на Првата хрватска школа за обука на кадри според новите директиви на Европската унија , ја посети Општина Охрид.

При посетата, членовите на делегацијата изразиле интерес за остварување на соработка помеѓу охридските и хрватските средни училишта, како и за организирање ученички екскурзии.


Во разговор со претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески , како најприфатлива била оценета идејата ,во текот на летото во училишниот дом во Средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески„ да летуваат деца од училиштата од Сплит и околината , а возвратно ученици од охридските средни училишта да летуваат во ученичките домови во Хрватска.

Ohridnews