Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид ќе се впушти во трансфе офанзива, откако му истече суспензијата од ФИФА за купување на фудбалери поради нарушување на фер плејот и ангажман на фудбалери помали од 18 години.

Прв пик на „јорганџиите“ е членот на Милан, Никола Калиниќ. Напаѓачот во Шпанија ќе се пресели на позајмица, а Атлетико Мадрид ќе има обврска следната сезона да го откупи неговиот договор вреден 18 милиони евра.

Калиниќ е единствен во ростерот на хрватската фудбалска селекција кој пред своето име нема предзнак херој после освојувањето на сребрениот медал на Мундијалот во Русија. Калиниќ поради наводна повреда, а вистината е несогласувањето со селекторот Златко Далиќ одби да влезе во игра на првиот меч и брзо потоа се спакува и замина од Русија.

Во светските медиуми и социјалните мрежи се појави вест „Немој да бидиш како Калиниќ“ со апостров да се намали егото и секој да се стави во функција на клубот, а особено на земјата.

OhridNews