Хрватскиот фудбалски бисер Андреј Крамариќ во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Премиер лигата од редовите на Ријека.
23-годишниот фудбалер ќе го засили последнопласираниот на табелата Лестер, но според хрватските медиуми тоа ќе биде само пропратна станица од Стемфорд Бриџ.
Неодамна сегашниот клуб на Крамариќ одби 7 милиони фунти од Лестер, а откако в плетка прсти Челси понудата скокна на 12 милиони што не се добива секогаш.
Шесте месеци во редовите на „лисиците“ Крамариќ ќе ги искористи да се аклиматизира во „суровиот“ англиски фудбал бидејќи сега покрај Диего Коста, Дидиер Дрогба и Лоик Реми нема место за уште еден напаѓач.
Од следната сезона Дрогба ќе биде во стручниот штаб на „сините“ што автоматски значи место слободно за Хрватот во тимот на Жозе Мурињо.
Мх.П.