Деновите на Жозе Мурињо на Стемфорд Бриџ се одбројани, а англиските медиуми веќе го пронајдоа неговиот наследник во шпанскиот стратег Хуанде Рамос.


Мурињо сезонава има крајно лоши резултати во Премиер лигата, а Португалецот ја изгуби и довербата од играчите.

Најнова информација е дека Еден Азард исценирал повреда на мечот со Лестер кој „сините“ го загубија со 2-1.

Шпанецот во минатото ги водеше екипите на Севиља, Тотенхем, а една сезона беше дел и од Реал Мадрид.

Моментално, Хуанде Рамос работи во Баник Острава, но сигурно тој не би оддолеал на понуда од англискиот премиерлигаш.

Ohridnews