Манчестер Јунајтед не ја искористи шансата да се приближи до местата на табелата кои водат во Лигата на Шампиони откако одигра само реми (0-0) против Хул на Олд Трафорд.


„Црвените ѓаволи“ напаѓаа, имаа повеќе од 20-ет удари кон противничкиот гол, но попусто, бидејќи никој не заврши зад грбот на одличниот голман Јакуповиќ.

Домаќините треба да бидат задоволни и со бод, затоа што најзрелата прилика за погодок во финишот ја имаше гостинскиот состав преку Марковиќ кој ја погоди стативата.

Наспроти Јунајтед, избраниците на Пеп Гвардиола демонстираа доминатност во Лондон против Вест Хем победувајќи го со убедливи 4-0. „Граѓаните“ дилемите околу победата ги решија со трите голови во првиот дел.


Резултати: Вест Хем – Мен Сити 0-3, Мен Ју – Хул 0-0, Стоук – Евертон 1-1.

Табела: Челси 56, Тотенхем 47, Арсенал 47, Ливерпул 46, Тотенхем 46, Мен Сити 46, Мен Ју 42…

OhridNews