Пријателскиот натпревар во Париз меѓу Сенегал и Брегот на Слоновата коска не го дочека својот крај, откако судијата го прекина мечот во 88-та минута.


Виновни за прекинот се хулиганите кои во 88-та минута од натпреварот истрчаа на теренот и физички ги нападнаа фудбалерите од двете селекции. Најлошо помина сенегалскиот репрезентативец Ламин Гасам кој беше прв на мета од напаѓачите.

Резултатот пред прекинот на дуелот во Париз беше нерешен 1-1. За селекцијата на Сенегал погоди Мане, додека за Брегот на Слоновата Коска прецизен беше Гоха.

OhridNews