Рускиот клуб Зенит заработи неверојатни 55 милиони евра од продажбата на Бразилецот, Хулк во кинескиот клуб Шангај.


Но, доста добро речиси неверојатно заработи и самиот фудбалер кој ќе заработува 20 милиони евра по сезона.

Единствен фудбалер кој заработува повеќе од Хулк моментално е Кристијано Роналдо кој во Реал Мадрид инкасира повеќе од 21 милиони евра по сезона.

Со 20-те милиони по сезона Хулк се изедначи со најдобриот светскиот фудбалер, Лионел Меси кој долго време беше водечки на оваа листа.

Кинезите полека го преземаат главниот збор на трансфер пазарот. Токму тие беа најголеми потрошувачи во последниот зимски преоден рок кога ги заминаа англичаните кои „љубоморно“ го чуваа овој примат.

OhridNews